Проблемот е решен: На плоштадот ќе светне Ѕвезденото небо за Тоше


Надмината е неизвесноста околу одржувањето на традиционалниот настан кога фановите го прават ѕвездното небо на Тоше на градскиот плоштад во Скопје, пишува Дневник.

tose-300x300Иако во истиот период на плоштадот е најавена манифестацијата Бела Ноќ, нејзиниот организиатор, Младинскиот културн центар за весникот вели дека од 19 до 21 часот на 5 октомври плоштадот ќе биде отстапен за одржување на манифестацијата во чест на трагично загинатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Од Kултурно-информативниот центар за Дневник велат дека на плоштадот Македонија од 19 до 21 часот на видеобимот ќе бидат пуштани спотовите на Тоше Проески за да се одржи традицијата, а потоа продолжуваат предвидените настани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1