Стружанец ненамерно си го убил пријателот Охриѓанец давајќи му метадон


Охриѓанец починал откако пријателот му дал малку од неговата метадонска терапија.
struga metadonСпоред информациите од охридската полиција, 35-годишниот П.И. од Струга, кој е лекуван наркозависник и корисник на метадонска терапија му дал на својот пријател 25-годишниот О.Б. од Охрид, кој починал откако примил метадон.
Настанот се случил во домот на сега починатиот кој побарал метадон. П.И. на починатиот му дал 4 милиграми метадон. Тој од пластичен шприц извлекол метадон по што О.Б. излегол од собата и го инјектирал метадонот.
По извесно време кај О.Б. дошло до влошување на здравствената состојба по што истиот починал. Кај него не се забележани  траги на насилство.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1