Викендов затворени за пешаци Камениот и мостот Око


Град Скопје по четврти пат, во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“, го организира настанот „Појадок на мост” што ќе се одржи на Камениот мост и мостот Око в недела од девет до 11 часот.
mostЗаради подобра организација, на в сабота, од 18 часот до недела до 13 часот,  двата моста ќе бидат целосно затворени за граѓаните на Град Скопје.
На настанот в недела граѓаните мора да го понесат со себе и бесплатниот билет којшто можат да го подигнат лично, со документ за идентификација, на пултот поставен пред градската кафеана „Пелистер“, уште денеска
Пунктот на плоштадот Македонија е поставен од 10 до 15 часот, а секој посетител кој има обезбедено билет ќе добие бесплатен ланч пакет и пијалак, обезбедени од нашите донатори. Земајќи го  предвид големиот интерес за овој настан, а заради специфичноста на просторот на кој се организира, бројот на посетители годинава е ограничен на 2.500.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1