Не му веруваат повеќе на Фејсбук – по аферата прислушување избришани 11 милиони профили


По објавувањето на доказите дека специјалните служби ги користат социјалните мрежи за свои потреби, Фејбук губи корисници. Последното пребројување покажало дека дури 11 милиони профили се затворени по протекувањето на информациите во јавноста.  Имено девет милиони луѓе во САД, а  два милиони во Велика Британија ги избришаа своите профили.

120517085737-facebook-new-story-topВаквото масовно бришење профили, светските медиуми го протолкуваа како директна последица на неодамнешното откритие на поранешниот агент на НСА, Едвард Сноуден дека оваа мрежа е под постојана контрола.

Истражувањето на Универзитетот во Виена покажа дека 40% од анкетираните корисници стравуваат дека некој може да ги користи нивните лични податоци. Истовремено,  13 % од испитаниците што се откажале од Фејсбукот, велат дека тоа го направиле зошто се незадоволни од мрежата или поради тоа што изгубиле интерес за неа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1