Џон Гослин (36), ѕвездата од реалното шоу “Jon & Kate Plus 8”, месечно мора да плаќа по 22.000 долари само за алиментацијата на децата.
Откако тој ја изневери својата сопруга Кејт, која сега самата се грижи за осумте дечиња, Џон мораше да се исели од семејната вила вредна 1.3 милиони долари, а денес живее сам во колиба во шума, каде што нема ниту интернет, ниту телевизор, а за да ги плати сметките, мора да работи како келнер во локален ресторан.
“Паднав на дното веќе 20 пати. Кога ја изгубив работата како директор на продажба во компанијата “Gameface International”, работев како градежен работник, а сега служам во ресторан. Откако јавноста дозна за моето неверство, никој не сака да ме вработи”, изјавил Џон за “TLC”.
Тој додал дека на почетокот бил нервозен затоа што не знаел како гостите ќе реагираат на него, но сепак, сега веќе се навикнал.
“Запознавам најразлични луѓе кои што често ме прашуваат дали сум “оној маж”, а јас им го потврдувам тоа и продолжувам да ги услужувам”, признал неверниот татко на осум деца.
Од разводот во 2009 година, Џон одредено време уживал во клубовите ширум светот, секоја вечер поминувајќи ја со друга жена, меѓутоа кога неговото богатство се “стопило”, тој сфатил дека мора да се промени.
“Учам од своите грешки”, признал Џон, кој и понатаму тврди дека не ја изневерил својата поранешна сопруга, иако таблоидите тогаш објавиле негови фотографии на кои што може да се види како тој ужива во прегратките на други жени.
Минатиот месец пак Кејт поднела тужба против Џон, тврдејќи дека тој и го хакирал компјутерот и телефонот, се со цел да го преземе материјалот за книгата која планира да ја издаде и тоа под насловот “Kate Gosselin: How She Fooled the World”.