На пазарот во Република Македонија нема производ „Ева сардина со магдонос и лук“ кој е предмет на повлекување од хрватскиот пазар, информира ДТУ Подравка ДООЕЛ.
Оттаму посочуваат дека овој производ досега воопшто не бил увезуван на македонскиот пазар. Производот „Ева сардина со магдонос и лук“ е повлечен од хрватскиот пазар поради проблеми со конзервата.