Направете песна за многу деца или за историјата на Македонија – ќе добиете пари од Владата


Владата ќе субвенционира 200 македонски композиции. Проектот за поддршка на домашната музичка индустрија ќе трае 10 години со по 512 илјади евра годишно субвенции. Ќе се субвенционираат 10 категoрии и тоа:

Current-Music– 10 музички потенцијали

– 20 афирмирани изведувачи ( имаат 1 албум)

– 35 истакнати изведувачи ( имаат 2 албума)

– 37  врвни изведувачи ( 2 албума + концерт)

– 28 ѕвезди

– 10 со тематика на семејството

– 10 со тематика на историјата на Македонија

– 50 детски композиции

За категоријата ѕвезди ќе се субвенционираат со по 4500 евра, за детските песни по 400 евра за останатите по 3000 евра. Конкурсот за добивање на субвенциите ќе се распише во јануари следната година. Комисијата за избор на кои песни ќе се субвенционираат ќе ја прават лица од музичката индустрија. На конкурс што ќе се распише во октомври ќе се изберат 50 лица кои би биле потенцијални членови во Комисијата за избор. Од нив по пат на лотарија ќе се изберат од 5 до 7 лица што ќе одлучуваат за избор на песна што ќе биде помогната од државата. Конкурсот за субвенционирање ќе се објавува 4 пати годишно

Според владиниот портпарол Ѓорѓиев, со овој проект се става акцент на домашната музичка индустрија, како на народната така и на забавната музика.

Економски.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1