Општина Аеродром апелира до сопствениците на кучиња да не ги шетаат милениците во близина на градински и училишта
До Општина Аеродром стигнувале поплаки од дел од жителите дека во попладневните и вечерните часови може да се забележат несовесни граѓани како ги шетаат своите домашни миленици во дворовите на градинките и на училиштата, каде што си играат децата.
Според законските одредби, домашните кучиња задолжително треба да носат заштитна маска и да бидат врзани, доколку има поголема раздвиженост на граѓаните, како и да се собира изметот на кучињата и да се фрла во кантите за отпадоци.
Општина Аеродром исто така, ги информира граѓаните дека пријавувањето на кучињата-скитници, како и други улични животни се врши во службите на ЈП „Комунална хигиена“, поточно во Шинтерската слжуба на телефоните 8201 357.