Општина Аеродром: Кучињата шетајте ги подалеку од деца!


Општина Аеродром апелира до сопствениците на кучиња да не ги шетаат милениците во близина на градински и училишта

kuce setaДо Општина Аеродром стигнувале поплаки од дел од жителите дека во попладневните и вечерните часови може да се забележат несовесни граѓани како ги шетаат своите домашни миленици во дворовите на градинките и на училиштата, каде што си играат децата.

Според законските одредби, домашните кучиња задолжително треба да носат заштитна маска и да бидат врзани, доколку има поголема раздвиженост на граѓаните, како и да се собира изметот на кучињата и да се фрла во кантите за отпадоци.

Општина Аеродром исто така, ги информира граѓаните дека пријавувањето на кучињата-скитници, како и други улични животни се врши во службите на ЈП „Комунална хигиена“, поточно во Шинтерската слжуба на телефоните 8201 357.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1