Словенечката полиција го уапсила директорот и шеф на управата на Нова Љубљанска банка, Јанко Меѓа под сомневање дека профитирал користејќи ги инсајдерските информации дека Агрокор сака да го преземе Меркатор, пренесува Јутарњи лист.
Официјално полицијата не ги открива имињата на лицата и на компаниите вклучени во скандалот, но словенечки медиуми неофицијално објавуваат дека станува збор токму за Меѓа.
– Едно лице кое е осомничено за кривично дело е поранешен вработен во една од финансиски институции, кои припаѓаат на групата на банките. Осомничениот бил вклучен во група на луѓе кои вршеле банкарски и трговски активности во нашата и во соседните земји и добиле информации дека едно од трговските друштва од соседната земја планира да преземе една од комерцијалните компании во Словенија. Оваа информација, пак, влијаела на цената на хартиите од вредност кои котираат на редовниот пазар во Република Словенија. изјавил Роберт Слојдер, раководител на истрагата.