Чавки го упропастиле Стадионот – „Филип Втори” се затвора на еден месец


Македонскиот фудбалски шампион Вардар реванш мечот од Купот на Македонија против Металург нема да може да го игра на „Филип Втори” откако управата на стадионот ги информирала и црвено-црните и Работнички дека следи реновирање на теренот, кој е во очајна состојба.

stadion filip vtoriСекое утро стотици чавки слетувале на теренот и го јаделе семето. Тоа било причината за катастрофалните услови на тревната подлога на која сите се жалат

„Теренот е катастрофа“. Оваа реченица може да се слушне од сите екипи и селекции кои гостуваат во нашата земја и кои треба да играат на Националната арена „Филип Втори“. И покрај тоа што пред неколку месеци нашиот стадион доби нова тревна површина, сепак, истата е во катастрофални услови.

Причината за тоа се чавките, кои секојдневно слетуваат на теренот на нашата „Арена“ и го уништуваат. И покрај тоа што секојдневно се полива и се одржува, сепак, тој и натаму е во катастрофална ситуација.

Oколу 30 дена ќе биде санирањето на теренот, па затоа денеска Работнички својот дуел од 8. коло во Првата лига против Турново ќе го игра во Ѓорче Петров, а за дуелот на Вардар се Металург се шпекулира со стадионот „Борис Трајковски” во Маџари, но во опција е и „Билјанини извори” во Охрид, јавува МКД.МК.

Mkd.mk/ Sport.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1