Додека во цел свет, улиците се асфалтираат главно навечер и вон сезона, кај нас во Македонија, случајот е сосема спротивен. Овој процес кај нас обично се изведува во најекстремни временски услови и во време на сообраќаен шпиц.
За да нема вакви проблеми насекаде во светот, дипломецот на Институтот за дизајн „Умеа“ од Шведска, Гоша Галитски, го смисли таканаречениот „Dynamic Red Carpet“, машина која ќе поставува нов слој на асфалт додека возилата преминуваат преку неа.
Машината работи така што микробрановите се загреваат и го топат горниот слој на асфалтот и ја враќаат улицата во иста состојба каква што била пред асфалтирањето.
Четките го собираат раздробениот асфалт и го праќаат во делот од машината во кој се додава битумен и истиот материјал повторно се обложува како нов слој. Површината се рамни а потоа и се лади.
Dynapac Red Carpet работи многу бавно така што подлогата која е подготвена за користење во сообраќајот, може веднаш да се користи. Машината е широка два метри и не дозволува до неа да поминат други возила, затоа младиот дипломец ја дизајнирал така што возилата ќе можат да поминуваат преку самата машина.
Галитски сметал дека процесот на асфалтирање е одамна застарен и зрел за промени, затоа што машините за оваа намена не се многу сменети од 40-те години на минатиот век.
Бидејќи крпењето на дупките и одржувањето на патиштата го забавуваат сообраќајот, а властите секогаш го чекаат последниот миг за поправка, ваквата машина би овозможила тоа да стане историја. Според Галитски, најбитно е што ќе се задржи квалитетот на асфалтот, но многу е важно и дека се’ ќе биде завршено на време.