Е ова е поевтинување што ќе се осети – бензинот поевтинува 4, дизелот 1.5 денари!


Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се намалат во просек за 2.83%.

benzin3Согласно методологијата за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.83%. Тоа значи дека од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продаваат по цена за 4 денари пониска од сегашната – еден литар ќе се продава по цена од 79.50 односно 81 денар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.50 денари и еден литар од ова гориво ќе се продава по цена од 71.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

carclub.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1