Пак жешко – од среда топлотен бран во Македонија – летото не се дава


Од среда следуваат сончеви и потопли денови со пораст на дневните температури, но бидете внимателни бидејки ќе продолжат свежите утра и ноќи.

23.09.2013-1--615x493Во среда сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 3°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 31°C.

Во четврток во Македонија ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 3°C до 13°C, а дневните температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C.

И во петок ќе продолжи сончевото  и топло време. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 22°C до 31°C.

Претежно сончево и топло ќе биде и во деновите од викендот.

Во сабота и недела ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 32°C.

weather4all.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1