Бојан Маровиќ се сели во Македонија – ќе студира во Штип, а барал стан под кирија во Скопје


Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ се сели во Македонија. Тој деновиве ја задолжи својата македонска менаџерска екипа да му најде стан под кирија во централното градско подрачје на Скопје, за да може подолго да престојува во нашата земја.

bojan-marovic-620x350Харизматичната црногорска поп ѕвезда на ваков чекор се решил по одлуката од Белград (каде што до сега живееше и студираше) да се префрли на Штипскиот универзитет, каде на музичката академија треба да ги даде последните два испити и завршната дипломска работа пренесува МММ.

Веќе во текот на оваа недела Маровиќ ќе престојува во Скопје и Штип за да ги регулира својот престој и поединостите околу своето академско школување, но и медиумски да ја промовира својата најнова песна „Бичеш моја“ (Ќе бидеш моја), не е исклучено да има и една песна која ќе биде отпеана на македонски јазик.

Новиот видео запис во продолжение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1