Акхал-теке, или Ахалтекинци, се преубави коњи за кои стручнаците тврдат дека се една од најстарите раси на светот. Тие потекнуваат од просторите на денешен Туркменистан каде сеуште се наоѓат на националниот грб.
Издржливи се многу и прилагодливи на екстремни услови, како и секој типичен номадски коњ, а покрај тоа се и многу тврдоглави и се врзуваат за само еден човек.
Легендата кажува дека ахалтекинецот секогаш се свртуваат накај Сонцето, и дека се најсреќни кога тоа им сјае. Баш тогаш овие коњи се синоним на елеганција, кога нивното влакно сјае од сонцето што им дава единствен изглед на ,,златен коњ“.
За убавината на ахалтекинците доволно зборува и податокот дека еден од нив во 2012 година е прогласен за најубавиот коњ на светот. Земено во предвид дека изгледа како да не е вистинит, на Интернет се појавиле бројни коментари за тоа како фотографијата е фотошопирана и дека ваков вид на коњ воопшто не постои.