Златни правила: Како да купите повеќе за помалку пари?


„На пазарење секогаш одете со полн стомак, заради гладта често се впуштаме во импулсивно купување. Поскапите артикли секогаш се во висина на нашите очи, па секогаш погледнете што се нуди на подолните полици. Внимавајте на едноставните верзии на омилената храна. Пример, основните житарки секогаш содржат помалку адитиви и се поевтини од некои популарни паукувања“, објаснуваат нутриционистите.

woman_with_shopping_silhouette_0515-0911-2800-5229_SMUНикогаш не носете со себе многу пари, ниту платежни картички. Одредете од напред колку пари ќе потрошите, избегнете ги триковите кои ги прават трговците со помош на следните правила:

1. Следете ги акциите – ако купувате на акциија заштедувате и до 20%.

2. Собирајте купони – од продавниците или од весниците сеедно.

3. Посетувајте ги сајтовите со попусти – таму има се, а се заштедува значајна сума.

4. Шетајте по продавници – истите артикли имаат арзлични цени во различни делови од градот или од продавница во продавница. Некаде цените се разликуваат и за 70%.

5. Секогаш купувајте големи пакувања.

6. Одете на пазар попладне, на утро пазарите се најскапи.

7. Купувајте само колку што ви е потребно – според некои проценки третина од купената храна завршува во ѓубрето.

8. Одете на неделни големи пазарња – најдобро во хипермаркети и тоа со список. Секога користете ги акциите „две по цена за едно“ и носете пари колку што сакате да потрошите.

bgd-zimnica9. За зимница пазарете на кванташки каде понекогаш цените се за половина пониски отколку на пазарите. Грицките, тоалетната хартија, химиските производи, за кванташки се за 30% поевтини.

10. Купувајте сезонско овошје и зеленчук – во лето се купуваат праски, а не јаболка. Во зима портокали, а не лубеници.

11. Купувајте месо на големо – цело прасе, цели пилиња…поисплатливо е .

12. Посетувајте ги распродажбите.

13. Избгенувајте ги малите продавници во соседството – најскапи се.

14. Купувајте трговски брендови – тие се за 30% поевтини од брендираните.

15. Кога е можно купувајте директно од производителите. На примери, медот е поскап во продавница.

16. Не купувајте сецкана салама или кашкавал – поскапо е.

17. Специјализираните продавници се поевтини – риба се купuва од рибарница, пијалоци од дисконтите….

18. Посетувајте ги сајтовите на супермаркетите.

Економски.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1