На научниот натпревар за млади од 13 до 18 години, првата награда ја освои 17 годишниот Ерик Чен од Калифорнија, за својата работа на лек за вирусните инфекции.
Ерик Чен нашол компоненти кои во вирусот на грипот го деактивираат протеинот познат како ендонуклеаза.
Со комбинирање на компјутерски модели и биолошки проучувања, Чен открил одреден број на нови моќни инхибитори на ендонуклеазата и отворил пат за производство на нови лекови против сите вируси на грип, вклучувајќи и најсмртоносни видови кои предизвикуваат пандемии.
Чен освои и стипендија од 25 000 долари и патување на Галапагос со „Национална географија“.