Жената го пратила да купи леб, тој купил лото – му била лута, а тој добил 400 милиони долари


Анонимен жител на Јужна Каролина, пет дена откако победи на лотарија Powerball и го доби џекпотот од 399.400.000 долари, си ја подигна наградата, четврта по големина во историјата на американската лотарија.

loto-630x374Неговото име не беше откриено, но од Одборот на Лотарија изјавија дека раскажал како го купил ливчето. Возел накај дома од работа, кога неговата сопруга се јавила и му кажала дека треба да купи леб и кифли за хот-дог.

Човекот застанал во продавницата, но нашол ниту леб ниту кифли – пред касата го забележал пстерот на лотарија, и втор пат во неговиот живот купил ливче. Платил $ 20 и си заминал дома. Жената нормално му била лута што не донел леб, а за ливчето луто искоментирала „глупости“ неколку дена подоцна сопругот добил околу 400 милиони долари – лута ли е сега жената? прашале од лотарија на што мажот само се насмевнал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1