Музички систем пуштен до крај и цела зграда ечи со Шабан Шаулиќ, возење со кола во доцните вечерни часови и притоа “дрифтање” за да се биде фраер пред целото друштво, трки со мотори за да се испробаат колку се јаки машините, пиење во паркчето до доцна во ноќта и кршење на шишиња, сето ова ги буди и вознемирува граѓаните.
Со овие, а и со многу други прекршувања на јавниот ред и мир мака мачат многу жители на скопските населби кои поминале непреспиени ноќи заради комшиите кои сакаат да се веселат до доцна во ноќта или пак во попладневните часови кога е време за одмор, пишува Вечер.
Од МВР велат дека оној што го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева, односно мотор и слично во периодот од 15 до 18 часот и по 23 часот до 6 наутро ќе му се изрече глоба од 200 до 500 евра.
Од јануари до август годинава изречени се 33 прекршочни пријави, а од МВР потенцираат дека само доколку на лице место се констатира прекршокот само тогаш се поднесува пријава против сторителот. Исто така доколку на јавно место со кршење на шишиња, чаши и други предмети ги вознемири граѓаните ќе се изрече парична казна од 100 до 400 евра, а во првиот дел од годината изречени се 12 прекршочни пријави.
Повеќе на – Vecer