Под ископот спроти „Бристол“ се крие таен излез од Собранието? – Жерновски (Фото)


Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ги прашува министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, дали знаат дека во ископот спроти хотелот „Бристол“ се крие излез од евакуационен ходник од Собранието на Македонија.

sobranie„Го прашуваме министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески дали пред почетокот на градежните работи Минстерството и тој самиот имале сознанија дека тука постои ваков подземен објект? Ја прашуваме министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска доколку постоеле такви сознанија, дали тоа беше причината непосредно пред отпочнувањето на градежните работи да испрати цела армија специјалци?“, пишува во соопштението од Општина Центар кое го пренесува Плус инфо.

Жерновски ја прашува министерката Јанкулоска што сакаа да сокријат со засиленото полициско обезбедување?

„Напоменувам дека пред десетина дена како градоначалник на општината, но и како граѓанин, упатив отворено писмо до министерката Јанкуловска со прашање зошто центарот на Скопје се наоѓа под полициска опсада. До денеска немам добиено никаков одговор од министерката за внатрешни работи“, пишува во соопштението од Општина Центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1