Пожар во две куќи во Штип – повреден пожарникар, паднал од кровот


POZAR-22-Две куќи се во пламен во центарот на Штип, извести полицијата, а еден пожарникар е повреден и е пренесен во болница. Пожарот, според првичните информации пламнал околу 13 часот, пренесува Плус Инфо.

Пожарникарот, според полицијата се повредил откако паднал од покривот на една од куќите каде интервенирал.

Екипа на Итна помош го пренела повредениот пожарникарот во штипската Клиничката болница. Борбата на пожарникарите со пожарот уште трае.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1