Езерото попознато како Синото око се наоѓа во близина на патот кој води кон Саранда, Албанија.
Се работи за природен феномен кој е настанат како резултат на подземните води.
Самата дупка од која извираат водите, која официјално никогаш не е истражена, според некои тврдења е длабока 45 метри.
Според пишувањата на туристичките портали во Албанија, туристите тука се собираат за да фрлат каменче во центарот на езерото кое по само неколку минути повторно ќе го видат на површината.