Во затворот во Лос Хорнос, Аргентина затворени се 293 жени најголем број осудени за кражби и дрога.
Со нив таму во влажниот простор живеат и 63 деца кои добиле дозвола. Некои од нив се и родени во затворот, а останатите можат според аргентинскиот закон да престојуваат заедно со нивните мајки, додека наполнат 2 години, потоа за нив се грижи некој од семејството. Сепак некои мајки кои се осудени на пократки казни до 4 години добиваат право нивното дете да ја отслужи казната заедно со нив.
Фото – Adriana Lestido / 24sata.hr