Пукање и бркотница на граничниот премин Блаце – уапсен Харун Хаџибулиќ


Харун Хаџибулиќ ноќеска е уапсен на граничниот премин Блаце, дознава Press24 од полициски извори.

apsenjeСпоред информациите, полицијата распишала потерница по Хаџибулиќ бидејќи по повеќе судски позиви тој не се јавил на одлежување на затворската казна. Беше осуден на 18 месеци затвор за помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје. Тој најголем дел од казната ја одлежа во притвор, а полицијата го барала бидејќи недостасувале неколку дена за целосно издржување.

Бил уапсен при одбидот да ја напушти земјава.

Кога полицијата му пришла за да го уапси, Харун излегол од автомобилот и почнал да бега. Полициските службеници почнале да пукаат, по што тој легнал на земја и се предал.

Press24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1