Курир денеска објавува нови документи, на кои стои потписот на градоначалникот Андреј Жерновски, а според кои дека општината Центар потрошила над милион денари. Ова е само еден од договорите кој го обелоденува Курир, а не се исклучува можноста Општината да има склучено и повеќе други договори, за кои јавноста не знае, за маркетинг услуги преку кои долнително се влечат пари од општинската каса, пишува Курир.
Од Општина Центар соопштија дека се’ било чисто и дека „владините мегафони измислуваат наводен скандал за дефокусирање на темата“, негирајќи дека имало милионски договори.
Со парите од граѓаните на општина Центар се финансираат портали кои ги раководат новинарски имиња блиски до опозицијата. Според порталот ниту еден од медиумите на кои Општина Центар се рекламира (А1 он, Плус инфо, Мактел, Нова ТВ и Либертас) не излезе со официјален демант околу пишувањата на Курир.
Курир ексклузивно го објавува договорот, според кој една од фирмата која ги добила тендерите за рекламирање е Друштво за маркетинг и услуги КРЕАТИФ МАРКЕТИНГ ДООЕЛ Скопје.
Договорот на кој стои потписот на Жерновски е вклучен во месец август 2013 година, за сума од 950 000 денари.
Од таа сума, 250 000 денари се за изработка на идејни решенија, а 700 000 денари за закуп на простор во печатени медиуми и веб банери.
Милана Смилеска која ги добива парите за рекламирање како управител на фирмата Креатиф Маркетинг е и Клиент Сервис директор на фирмата Генезис Комуникации која е во сопственост на Петар Арсовски Пеџа кој е долгогодишен директен ПР стратег и изработувач на кампањите на СДСМ.
Општина Центар во реакцијата вчера не демантираше дека фирмата на Милана Смилеска е фирма ќерка на Генезис Комуникации.
Целата сторија на – Курир.мк