20 милијарди евра оставени на руски аеродром – никој не знае чии се


 Дури 20 милијарди евра шест години седнат на московскиот аеродром, пишува Daily Mail. Сопственикот на тие пари не се јавил да си ги побара. Се претпоставува дека парите му припаѓале на Садам Хусеин. Други пак тврдат дека тоа се пари на Гадафи, или пак дека припаѓале на некој руски мафијаш или корумпиран руски државник.

aerodrom rusijaПарите, кои се под силно обезбедување, се наоѓаат во товарниот дел на аеродромот, во 200 дрвени палети, а секоја од нив е вредна 100 милиони евра. Станува збор за банкноти од 100 евра кои на аеродромот Шереметјево пристигнале од Цирих на 7. август во 2007-та година.

Парите, според документите, ги пратил Фарзин Короориан Мотлаг, на кого во пасошот му стои дека е од Иран. Меѓутоа никој во Москва не верува дека тој е сопственик на парите.

Наводно веќе се јавиле неколку кои тврделе дека се сопственици, но според руските власти, тоа биле лажни и неубедливи обиди.

Руските власти веќе со години безуспешно се обидуваат да го пронајдат сопственикот. Парите се’ уште не ги заплениле, бидејќи тврдат дека се’ уште немаат причина за такво нешто. Велат дека парите се вистински и дека се пренесени од една германска банка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1