Едно двегодишно момче од Кина го носело својот близнак во утробата, се додека хирурзите не го извадиле.
Детето кое е родено во селото Хуанси, во источната провинција Џиангсу, имало силни стомачни болки и проблеми со дишењето. По неколку рендген и ултразвучни снимки, лекарите утврдиле дека детето го носи својот близнак, кој во него живее како паразит.
Овој бизарен медицински феномен е многу редок случај т.н.”фетус ин” и настанува кога фетусот ќе остане заробен во едниот од близнаците.
Во случајот со кинеското момче, апсорбираниот фетус бил долг 20 сантиметри и веќе бил формиран. Имал рбетен столб и потполно формирани раце и нозе, заедно со прсти.