Ала Ибица – Еве како ќе изгледаат плажите во Дојран и Преспа (ФОТО)


Девет идејни решенија, од кои четири за плажи на Преспанското Езеро и пет за плажи на Дојранското Езеро пристигнаа на конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажи на езерата, објавен од Министерството за транспорт и врски во август годинава.

За идејните решенија кои веќе се поставени на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски граѓаните ќе можат да гласаат преку електронска анкета.

Со конкурсот се опфатени локациите на Дојранското Езеро: „Граница Николиќ“, со должина од 100 метри „Калдрма“ – 200 метри, „Карач“ – 100 метри, плажа кај одмаралиште „Титови Пионери“ – 150, „Стара Мрдаја“ – 400 метри и плажите бр. 7,8,9 и 10 во централното градско подрачје со вкупна должина од 400 метри. На Преспанско Езеро, конкурсот се однесува на локациите: „Крани“ со должина од 500 метри, „Отешево“ – 100 метри, „Коњско“ – 200 метри, „Сливница“ – 100 метри и „Претор“ во централното подрачје со должина од 500 метри.

plazaa4

 

plaza5

plazaa3

plaza2

 

plazii

plaza6

 

Фото – Курир

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1