30 дена притвор за шефот на кабинетот на директорот на „Македонска пошти“


Триесетдневен притвор доби шефот на кабинетот на директорот на „Македонска пошти“ под сомневање дека го предизвикал пожарот во Македонски пошти на 15 јануари. Тој се сомничи за тешки дела против општата сигурност. Според полициската истрага, причина за пожарот е човечки фактор и избувнал во канцеларијата на шефот на кабинетот на директорот јавува МКД.МК.

posta-gori2„Многу порано од моментот кога се случил пожарот, шефот на мојот кабинет излезе од поштата. Се уште не е утврдено од што избувнал пожарот, дали е човечки фактор или не. Ако е човечки фактор, треба да се каже точно од што, дали од цигара, од решо или нешто друго.

Такви информации до нас не стигнале. За жал, ќе кажам, дека невини луѓе од пошта лежат по затвори заради политички причини или заради некоја хајка што некој ја води против вработените во пошта“, изјави за Канал 5 Рафиз Алити, директор на „Македонска пошта“.

За време на пожарот поштата не беше осигурена, а отпосле беше склучен договор со осигурителна компанија која се обврза да ги покрие трошоците.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1