Тројца грчки државјани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот Велес – Градско.
Според првичните информации од полицијата, странците со џип патувале од Велес кон Градско. Во еден момент возачот, од засега непознати причини изгибил контрола врз возилото, удрил во банкината од автопатот, излетал од патот, се превртувал на асфалтот и на крајот завршил во заштитната ограда.
Повредените биле пренесени во велешкиот оддел за интензивна нега, а полицијата започнала истрага.