Сообраќајка кај Градско – повредени 3 грци


soobrakj skopjeТројца грчки државјани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот Велес – Градско.

Според првичните информации од полицијата, странците со џип патувале од Велес кон Градско. Во еден момент возачот, од засега непознати причини изгибил контрола врз возилото, удрил во банкината од автопатот, излетал од патот, се превртувал на асфалтот и на крајот завршил во заштитната ограда.

Повредените биле пренесени во велешкиот оддел за интензивна нега, а полицијата започнала истрага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1