Пет години посвети тимот на Sasquatch Genome и потроши половина милион долари за собирање на податоци и докази за постоењето на влакнестото човеколико суштество.
Група научници вчера во Тексас на прес конференција покажаа неколку куси видеа на кои, како што тврдат, се гледа легендарниот Биг Фут (Големо стапало), митско суштество чиешто постоење никогаш не е докажано.
Форензичарката д-р Мелба Кетчум, која го води тимот, тврди дека се работи за сериозно истражување. Видео снимките кои ги покажале вклучуваат и материјали од проектот „Ериксон“, група предводена од Адриано Ериксон кој тврдеше дека собрале дефинитивни видео и ДНК докази за постоењето на Биг Фут. Меѓу снимките е и таа што е направена во 2005 година во Кентаки, која наводно прикажува женка Биг Фут на спиење.
Докторантот Џош Стивенс мапирал 3.313 места на кои е забележано ова суштество од 1921 година и утврдил дека на некои од нив се појавува многу почесто за разлика од другите. Најмногу е забележан во западните држави на САД.