Починал пред 4 години, го пронашле дури пред три дена


Телото на еден 58-годишен маж пред три дена е пронајдено во неговиот стан во Дижон, четири години откако починал.

110307392Како што објавија француските медиуми, телото е пронајдено на 3 октомври, откако полицијата пристигнала да изврши судска одлука за негово протерување од станот, поради неплаќање на киријата.

Телото било пронајдено мумифицирано од страна на судскиот извршител и полицијата.

Никој не забележал дека поштата во неговото сандаче се насобрала од пред речиси четири години, бидејќи најстарото писмо кое не било подигнато е со печат од декември 2009 година.

Откако лицето, кое добивало инвалидска пензија, престанало да ја плаќа киријата, што се одвивало автоматски, била покрената постапка за негово протерување од станот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1