Министерот Џафери потврди: Командант Ваљони е унапреден во мајор


Командант Ваљони од АРМ е преместен во Министерството за одбрана и е унапреден во мајор, потврди вчера и официјално министерот за одбрана Талат Џафери. Тој потврди дека капетанот Шевал Етеми, алијас командант Ваљони, повеќе нема да биде дел од активната војска во АРМ, туку ќе работи во еден од секторите на Министерството за одбрана.

talatЈас ја извршив законската обврска поради тоа што лицето Шевал Етеми, односно капетан Етеми ги исполнува сите услови за унапредување во чин мајор и точно е дека е унапреден и дека е преместен во МО. Не е во Кабинетот на министерот, туку во организационите единици на МО, рече Џафери вчера на промоцијата на новата класа питомци на Воената академија.

Како што “Вечер” веќе информираше, Командант Ваљони требаше да биде унапреден за Денот на АРМ, 18 Август, но началникот на ГШ, генерал-потполковник Горанчо Котески, одби да го потпише указот и името на капетанот Етеми во последен момент беше избришано од листата за унапредувања на офицерскиот кадар.

Барајќи начин како да го унапреди, министерот Џафери одлучи да го повлече во министерството за да може да го искористи правото тој самиот да го потпише указот за унапредување на капетанот Етеми. Командант Ваљони е еден од актерите на УЧК во  2001 година и е еден од обвинетите за киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници во 2001 година, а во септември 2011 година беше амнестиран.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1