Повик до стружани – сами да постават македонски знамиња на балконите – „Каприкорн“ дели знамиња


Во пресрет на Националниот празник 11. Октомври, невладината организација „Каприкорн“ од Струга ги повикува стружани самоиницијативно да постават македонски знамиња на балконите од своите станови и куќи или пак да се обратат до нив како невладина организација за да добијат македонско знаме доколку немаат.

znameСо иницијативата, како што велат, сакаале да му покажат црвен картон на градонаначлникот на Струга Зијадин Села, бидејќи во изминатиот период за време на државни празници во Струга да не биле поставувани државни знамиња или пак тие да бидат поставени во мал број.

„Ова ќе биде црвен аларм да ја потсетиме локалната власт на должностите кои произлегуваат од законот. Затоа ги повикуваме сите заинтересирнаи граѓани кои имаат балкони и прозори свртени кон главните улици и крстосници во градот, а би сакале да постават државно знаме во пресрет на празникот 11. Октомври да се обратат до нас како невладина организација „Каприкорн 2010” Струга“, изјави Васко Јолевски претседател на НО „Каприкорн“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1