Нa денот кога конечно го доби толку очекуваното признание, Питер Хигс, таткото на „божјата честичка“, исчезнал без трага.
Организаторите за доделување на Нобеловата награда за физика признале дека никој не знае каде е професорот Хигс и дали воопшто знае дека ја добил наградата.
Според некои негови колеги, 84-годишниот професор заминал на одмор во шкотските шуми за да го избегне притисокот од медиумите.
– Недостапен е, и тоа е добро за него. Ниту мене не ми кажа каде ќе оди – изјавил еден негов близок соработник.