Жител на Ниш, Србија осомничен е дека тајно ја погребал својата баба на 16 јануари оваа година. 9 месеци подоцна, нејзиното тело во овоштарникот на соседот го откопале животни.
Еден ден кога се вратил дома, ја забележал бабата мртва. Ја завиткал во јорган и ја закопал во овоштарникот. Бидјеќи било студено, а земјата била замрзната, не можел да ископа подлабок гроб, па телото го ископале животните.
Во меѓувреме, својата баба ја пријавил како исчезната а давал огласи и во локалните нишки медиуми. За целиот период, редовно ја зимал нејзината пензија.
Полицијата му поднела кривични пријави по неколку точки, а обдукцијата на остатоците од телото покажала дека не станува збор за насилна смрт.