Геј стреј алијансата ГСА, соопшти дека едно геј момче М.М (29) било киднапирано во град во источна Србија и дека членови на неговото семејство потоа го однеле во „верски објект„ во Црна Гора, затоа што биле убедени дека е опседнат и дека со верска служба ќе го вратат на вистинскиот пат
-Меѓутоа, во текот на обредот ништо не укажувало дека М.М е опседнат, па момчето по тоа било вратено во семејната куќа во неговото родно место Рашко-наведе алијансата.
Од таму нагласено е дека доколку се докаже дека членовите на семејството на М.М стојат зад ова, овој случај ќе биде еден од драстичните примери колку далеку може да се оди во неприфаќањето на своите најблиски такви какви што се и како може тоа да прерасне во сериозно криминално дело како што е киднапирање.
Тие од надлежните органи побараа киднаперите да се казнат, а на М.М и неговиот партнер да им се обезбеди соодветна заштита.
Полицијата на четврти октомври го најде М.М неповреден во семејната куќа во родното место и зема изјави од него и од членовите на неговото семејство.