Руското министерство за вонредни состојби распиша тендер за купување 63,400 пара памучни чорапи со „нано-честички“ кои имаат антибактериски ефект.
Како што се наведува на сајтот за државни набавки, вкупната цена на чорапите ќе изнесува 66 илјади евра, односно еден пар чорапи би чинел 1,1 евро. Машките чорапи, во наномодифицираната ткаенина треба содржат и честички сребро.
Министерството претходно распиша тендер за купување антистресен систем „Сенсориум“, фотелја за релаксација со „нулта гравитација“, која треба да „генерира светлосни, звуни и вибрациски сигнали.