Смртоносни фалсификувани лекови на пазарот


Бизнисот со  фалсификувани лекови во светот  е исклучително профитабилен. Се проценува дека секој втор лек со кој се тргува на интернет е фалсификат. Ваквите лекови имаат и смртни последици, пишува Дојче Веле на македонски јазик.Фалсификаторите не знаат за скрупули – таблети против болки направени од креда, средства за слабеење со отровен арсен и средства за потенција кои се состојат од вода.

Со фалсификувани лекови меѓународните криминални банди заработуваат милијарди евра секоја година. Тие ги продаваат лековите преку интернет или „под тезга“. Во најдобар случај, супстанците немаат дејство, но тие можат да бидат и смртоносни. Според проценките, секоја година во Африка умираат по 700.000 луѓе поради тоа што земале фалсификувани лекови против маларија и туберкулоза.

Analgesic pillsТрговијата со илегални лекови цути во цел свет, па и во Германија. „Секоја година бележиме растечки бројки“, вели Рут Халити од Царинската управа во Келн. Само во првото полугодие од годинава германските цариници заплениле 1,4 милиони фалсификувани таблети, прашоци и ампули, или околу 15% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Халити вели дека е тоа само врв на ледениот брег и дека темните цифри се многу повисоки.
Потрага по сомнителни пакетчиња

Домашни лаборатории и работилници во гаражи во кои се фалсификуваат лекови има во цел свет. Многу од нив се во источноазиските држави. Место преку кое влегуваат пратки од земји кои не се членки на ЕУ е Франкфуртскиот аеродром. Таму цариниците секоја година систематски проверуваат околу 90 тони авионска пошта.
Фалсификувани средства за потенција
Тие прво внимаваат на надворешните белези на пратката. „Може да се работи за определено пакување, или за испраќач кој паѓа в очи“, објаснува Халити. Ако во пратката, писмо или пакетче, има сомнителни лекови, тие се испраќаат на проверка во лабораторија.

Одамна со фалсификувани лекови не се занимаваат ситни криминалци кои сакаат да заработат малку пари. Криминалот со лекови стана бизнис кој е присутен во цел свет. „Се работи за еден вид организиран криминал, каква што порано беше само трговијата со дрога“, нагласува Халити.
Трговијата со лекови носи поголем профит од трговијата со дрога. Рут Халити вели дека добивката од фалсификувана Вијагра (таблети за потенција, н.з.) е повеќе од 25.000 проценти, што е десет пати повеќе од добивката од кокаинот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1