Жртвите на трагичната сообраќајна несреќа денеска беа погребани на гробиштата во Скопје. Сите беа на возраст меѓу 26 и 28 години, а двајца од загинатите беа братучеди. Жртвите се враќале до ергенска вечер на другар кој се женел.
Капијата од магацинот во кој заврши автомобилот БМВ се сменети, но на зградата уште има траги од кобната сообраќајка. На асфалтот се познаваат ознаките на крим техниката. Автомобилот прво ја закачил металната бандера на самата кривина на Јужниот булевар, а потоа уште еднаш удрил во бетонските тротоарски плочки, се превртел и се забил во зградата на Пазарната инспекција.
Канал 5