„Достоинство”, на Стојанче Ангелов денеска ја напушти коалицијата со „Сојузот за иднината“, а причината за тоа се различни ставови со претседателот на СДСМ, Заев и со останатите партнери за повеќе актуелни прашања.
„Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ и останатите партии од Сојузот за иднината, зашто раздружувањето на се случува како што е вообичаено кај нас, туку со еден висок тон на демократска култура и взаемно почитување”, соопштил Ангелов на прес-конференција.
Бранителот Ангелов додаде „Достоинство” нема да се откаже од својата цел и ќе продолжи да го докажува својот патриотизам . Ангелов потенцираше дека нема да се откаже од борбата за спас на Струга, Кичево, Гостивар, Тетово и сите останати македонски градови и села кои се загрозени со големоалбанскиот екстремизам.