Исповед на Македонката на која љубоморна девојка и го изгоре лицето (Видео/Фото)


Македонката од Австралија Дана Вулин која пред една година беше донесена речиси целосно изгорена во болницата во Перт,  деновиве се соочи со девојката која и го стори тоа, Натали Димитровска. Вулин со маска на лицето ја дочека пресудата од 17 години затвор, пренесува Денешен.

danaaaaaaВо разговор за телевизијата Канал 7 Дана Вулин  за првпат говореше за своето трагично искуство, кога се разбудила од кома и кога морала да се соочи со суровата реалност дека нејзиното лице повеќе никогаш нема да биде исто.

„Бев сосема скршена. Морав да прифатам дека никогаш повеќе нема да изгледам како што изгледав. Душата ми беше скршена, чувствував како ја губам“.

Вулин раскажа и како и било запалено лицето

„Го покрив лицето со моите раце, почнав да врескам и веќе наредниот момент бев во пламен. Тие се смееја. Ме гледаа како горам и истрчаа од мојот стан“, изјави Вулин за Канал 7.

И покрај тоа што до крајот на животот ќе биде со лузни, Вулин на судењето рече дека не го мрази нејзиниот напаѓач.

makedonkaaaa1„Луѓето велат дека мора да ја мразам , но јас не ја мразам. За да се мрази некого треба непотребно многу да се троши и време и енергија“, рече Вулин. „Таа за мене е само едно ништо. Таа не ме победи. Ментално јас сум истата, но ми го уништи лицето, ми го уништи мојот изглед, а тоа беше доволно за неа“.

Вчера Натали Димитровска беше осудена со казна затвор од 17 години, три години помалку од максималната казна. Натали, во љубоморен параноичен бес поради тоа што нејзиниот сопруг се гледа со згодна русокоса девојка, ја поли Вулин со запалива течност. Сама дома, Вулин не можеше да се одбрани од Димитровска и еден нејзин пријател. Таа имаше изгореници на повеќе од 60 отсто од нејзиното тело. На судењето на нејзините напаѓачи Вулин присуствуваше со маска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1