Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло со умерена облачност.
Претпладне со слаба магла по котлините, а попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, посебно во северниот дел на земјата.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени Целзиусови.