Затвор за секој кој ќе запали државно знаме на натпревар – карти само со лична карта


Затворска казна за палење на државното знаме по спортските терени. МВР предлага измени во законската регулатива со кои ќе се спречи насилното однесување и инцидентите пред, за време и по спортските натпревари.

tepacka-navivaci2-500Без лична карта љубителите на спортот нема да може да купат билет за да го следат натпреварот во живо. Клубовите пак ќе треба да изготват листа на навивачи кои редовно ги бодрат од трибините, евиденција на бројот на  навивачи ќе треба да водат и националните  федерации. Седиштата ќе бидат нумерирани а ќе има и посебен влез и излез за гостинските навивачи.

Гостите ќе треба однапред да го најават бројот на навивачи кои ќе допатуваат со нив , а истите ќе бидат  сместени во посебен дел од трибините со ограда одвоени и обезбедувани од полицијата.

Доколку  решат да патуваат во сопствена режија ќе подлежат на санкции. Навивачите кои ќе се најдат на листата на хулигани кои претходно предизвикале инцидент на трибините нема да може го следат натпреварот.

Според однапред изготвената евиденција на организаторите на спортските настани МВР ќе го одреди и бројот на редари кои ќе го обезбедуваат натпреварот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1