Ќе летаат откази во МТВ поради Макфест?


Vest_naslovna

Поради неемитувањето на директниот пренос на фестивалот за забавни мелодии ”Макфест”, во текот на следната недела во Македонската телевизија ќе се делат откази, пишува во утрешното издание дневниот весник “Вест”.

Иако тие како медиум се извинија за техничките проблеми кои “случајно” започнаа пред вчерашното директно вклучување во Домот на културата во Штип, сепак тоа не е никакво оправдување за вработените на националниот медиум кој земал обврска да го емитува фестивалот директно повторно да греши.

Инаку беше најавен директен пренос од финалната вечер а позади Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип каде всушност се одржуваше фестивалот, стоеја комбиња на МТВ со најнова софистицирана HD опрема.

Финалната фестивалска вечер не беше емитувана, а како што официјално беше речено причината била технички проблеми со линковите. МТВ ја емитуваше финалната вечер дури денес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1