Тоше: Но Не сум ни Исус ни Господ. Но, понекогаш се чувствувам како Исус распнат на крст


6 години од кобното утро кога Тоше засекогаш замина. Замина но остана – остана поприсутен од кога и да. Никогаш доволно информации за него за неговиот живот, никогаш доволно од неговите песни, цитати, интервјуа. И на оваа тажна 6 годишнина повторно нешто ново од животот на Тоше.

tose 1Биографската книга на новинарката Соња Алексоска-Неделковска, сопруга на текстописецот Огнен Неделковски кои пишуваше песни за Тоше поголемиот дел од неговата кариера. Песни со кои го запознавме Тоше и со кои тои се вивна во небото на музичките ѕвезди. Соња како новинар постојано беше околу Тоше во својата книга пишува токму за тие моменти. Книгата  „Ова не е крај“ во издание на Интернационалната фондација „Тоше Проески“ треба наскоро да излезе – Дневник пренесува дел од неа.

Дел кои ќе го заболи секој од нас – како некогаш непромислено сме ги повредувале оние кои не заслужувале. Тоше во овој дел од книгата говори токму за таква болка и како тој се чуствувал. Се случувало по неговото заминување во Лондон каде почнал да го снима албумот кои требаше да му донесе светска слава. Новинарите пишуваа се и сешто за неговата продуцентска куќа, за албумот, за Тоше. еве што новинарката Соња вели – како Тоше го доживеал тоа.

Решив да му пишам порака, но не како новинар, туку со срцето на еден обичен човек.

„Тоше, ти си ангел што Господ го испратил од небото на Земјата да шири љубов меѓу луѓето со своите песни. Тие сите те сакаат и затоа никој не може да те уништи!“

Многупати ќе ја препознаев болката во неговите очи, но никогаш не ми ја отвори докрај вратата од својата соба за тага. Се прашував каде ли ја наоѓа силата со која им пркоси на сите удари, кои постојано ги добиваше? Kако му успева секогаш како Феникс да се издигне од пепелта? Што ли размислува сега, во овој миг? Одговорот го добив по само неколку минути во порака.

„Не сум ни Исус не сум ни Господ. Но, понекогаш се чувствувам како Исус распнат на крст. Ги чувствувам болките од камењата кои ги фрлаат врз мене. Но, ако, ќе издржам. Им простувам на сите што ќе ми нанесат болка. Затоа, те молам, прости им и ти.“

Само што почна да го сонува сонот за својата светска кариера. Замина во Лондон да ги сними песните за англискиот албум. Но не дочека.. 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1