Струјата поефтинува за 30%


Либерализацијата на пазарот за струја што ќе почне на први април следната година ќе ја поевтини струјата и до 30%, проценува претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, пишува „Капитал“.

smetka struja“Моментално индустријата плаќа просечно околу 95 евра за мегаватчас, во момент кога цената на европскиот пазар падна и до 45 евра. Со либерализацијата, цената за македонската индустрија ќе биде од 55 до 60 евра за мегаватчас, што значи ќе има намалување на енергетските трошоци на компаниите и за 30%“, вели Анѓушев, кој што инаку е и сопственик на компанија за трговија со струја.

Втората фаза од либерализацијата на пазарот за електрична енергија се одложуваше неколку пати досега, а по нејзиното настапување, освен најголемите индустриски потрошувачи, кои што и сега купуваат струја на европскиот пазар, оваа можност ќе ја имаат уште 220 големи и средни компании во Македонија.

ZaSe

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1