Трогателно: Мајката починала 12 часа откако дочекала да ги види 3 ќерки невести (Видео/Фото)


Sarah (19), Kaylee (21) и Jodie Swales (22) од Снелвил во Џорџија се простија од нивната мајка на свадбената прослава. Или поточно, на нивната заедничка тројна венчавка.

Нивната мајка Беки починала од рак кој метастазирал од нејзините дојки на црниот дроб, само 12 часа отако сите три нејзини ќерки застанале пред олтар. Планирале да се венчаат на 26 октомври, но одлучиле тоа да го сторат порано за за нивната мајка да види како одат кон олтарот.

kjerk1

„Беше потресно. Среќни сме што е овде, но ова е веројатно и последната голема работа која заедно ќе ја направиме“, изјавила Беки за FOX5 пред венчавката.

Сара додала: „Тоа не е како да губите мајка, тоа е како да го губите најдобриот пријател, а секој би сакал најдобриот пријател да му дојде на венчавка. Нашата венчавка не би била иста ако таа не е таму“.

Нивниот татко Отис, кој ќерките ги испратил до олтарот, се надевла дека вербата ќе му помогне се да издржи:

„Мојата сопруга е љубовта на мојот живот и затоа ова е многу тешко. Но, горд сум на своите ќерки. Му се молам на Бога да ми даде сила да го издржам секој ден“.

Само 12 часа откако нејзините ќерки се омажиле, Беки и подлегнала на боеста. Ракот на дојката и бил дијагностициран во февруари 2010 година, но иако хемотерапијата одпочетокот изгледала дека влијае, лекарите неодамна откриле дека болеста и се проширила и на другите органи.

Пред својата смрт, Беки на Фејсбук напишала: „Му благодарам на Бога што секој ден ме будеше. Имам прекрасна поддршка. пекрасен сопруг, три прекрасни ќерки и мајка, кои беа со мене секој ден. Не можам со зборови да изразам каков благослов е тоа“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1